вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 67
home Ракомет

Браво момци: Барселона е поразена Вардар е во големото финале

Браво момци: Барселона е поразена Вардар е во големото финале

Вардар оствари сензационална победа над Барселона со 29-27 во полуфиналето на Ф4-турнирот во Келн, што го однесе во второ финале, по шампионското во 2017 година.

Првото полувреме наговестуваше дебакл за Вардар и покрај феноменалната парија на Милосављев. Голманот во првиот дел фати 13 топки, а неговите соиграчи дадоа само седум голови. На одморот заминавме со негатива од дури седум голови разлика.

Но работите полека почнаа да се менуваат во вториот дел, негативата на Барселона се топеше, а полека се враќаше надежта дека може да се направи сензација.

Противник на македонскиот шампион утре во финалето ќе биде Веспрем.

Коронавирус