среда, 17. јули 2019. Вести денес: 136
home Ракомет

Борозан останува во Скопје!

Борозан останува во Скопје!

Вардарци утре заминуваат на пат за Шведска. Во тимот на саботниот натпревар Парондо ќе го нема Вуко Борозан кој останува во Скопје откако се пожалил на благи болки во коленото. Секако, Парондо не сакал да ризикува и шутерот останува во главниот град.

На негово место со екипата ќе патува младиот Марко Мишевски. Вардарци се очекува да имаат лесна задача против Кристијанштад и да им се вратат на победите по неуспехот против Веспрем на домашен терен.

Дуелот се игра в сабота со почеток од 19.00 часот.