сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 124
home Ракомет

Борко со реакција за случајот Димевски: Ваквите профитери мора да исчезнат, спортот пропаѓа

Борко со реакција за случајот Димевски: Ваквите профитери мора да исчезнат, спортот пропаѓа

Поранешниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски е под истрага на Државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со стопанисувањето на СРЦ Кале, поточно за објаекти кои се дел од оваа сала.

Во известување се вели дека Димевски остварил приватни интереси со што го оштетил буџетот на РМ“, стои во официјалното соопштение на комисијата.

На оваа тема преку својот официјален „Фејсбук“ профил се огласи Борко Ристовски.

„Една од причините поради кои прифатив да бидам стратешки соработник во областа на спортот на Проф. Д-р Христијан Мицковски е токму поради ваквите девијантни однесувања во спортот. Ваквите девијации мора да исчезнат и сите оние спортски профитери да одговараат додека младите таленти ни пропаѓаат и иднина на спортот е доведена во прашање. После ова се надевам дека сите спортски работници кои ја креираат спортската стратегија и политика во СДСМ и Владата ќе се оградат и ќе побараат одговорност.

Да живее Македонија, чувајте се луѓе“, порака Борко.

извор: sportmedia.mk

Локални избори 2021