недела, 27. септември 2020. Вести денес: 71
home Ракомет

Борко најави максимални 100 % на секој натпревар: Репрезентацијата созрева, можеме да се носиме со предизвиците од шампионатот

Борко најави максимални 100 % на секој натпревар: Репрезентацијата созрева, можеме да се носиме со предизвиците од шампионатот

Македонската машка ракометна репрезентација денеска ги продолжи подготовките за Европското првенство во Хрватска, кое стартува во петок (12.јануари), а Македонија првиот натпревар го игра следниот ден против Словенија. По двата контролни дуели одиграни во Белград (две победи) со Саудиска Арабија (37:21) и со Србија (32:29), нашите играчи до заминувањето за Загреб ќе одржуваат тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“.

За првиот ривал од групата Ц (Словенија) и за амбициите еден од поискусните играчи, голманот Борко Ристевски изјави:

-Репрезентацијата на Словенија е квалитетна, иако имаат отсутни играчи, но тие имаат замени за повредените. За нас е важно да играме на ЕП максимално и дека треба да играме 100%. Нивните повреди не треба да не залажуваат и најважно е по завршувањето на секој натпревар да бидеме среќни. Да пробаме да се бориме против секој ривал: Словенија, Црна Гора и Германија, па и во вториот круг со која било репрезентација и да се надигруваме за да постигнеме резултат.

Успешен настап пред се на пријателскиот дуел со Србија имаше десното крило Гоце Георгиевски:

-Добро ни дојдоа контролните дуели. Некои елементи добро ги одигравме. Имаме уште некои работи кои треба да се поправат и тоа ќе биде направено оваа недела. Ние треба да ја гледаме нашата работа и ќе треба замислите на тренерот да ги спроведеме на терен. Не сакам да прогнозирам, да одиме натпревар по натпревар. Првин е дуелот со Словенија. Наша цел е вториот круг, мислам дека имаме квалитет тоа да го направиме, а и го заслужуваме вториот круг. Репрезентацијата созрева, покрај искусните стигнуваат и помладите и можеме да се носиме со предизвиците од шампионатот.

На тренингот денеска работеше и Немања Прибак, додека поради болки во грбот на претпладневниот тренинг отсуствуваше Филип Лазаров, но и тој самиот најави дека брзо ќе се врати во стројот. Селекторот Раул Гонзалез и следните денови ќе работи со сите играчи кои ги има на располагање, а пред самото заминување (четврток) ќе реши со играчи Македонија ќе настапи на Европското првенство.

Коронавирус