среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

Бомба од Словенија: Урош Зорман го превзема РК Вардар

Бомба од Словенија: Урош Зорман го превзема РК Вардар
member of Slovenia Olympic Handball Team at official photo shooting in hotel Planja at Rogla Olympic Centre, Slovenia on July 4, 2016

По само еден ден од историскиот успех на Вардар и второто освојување на Лигата на шампионите во ракомет, од Словенија пристигнува бомбастична вест – македонскиот тим веќе го има новиот предводник за следната сезона.

Како што пишува Дело нов тренер на европскиот шампион ќе биде Урош Зорман, долгогодишниот капитен на словенечката репрезентација, кој во овој момент е помошник на Веселин Вујовиќ во Словенија и на Талант Душебаев во Киелце.

Словенечкиот медиум повикувајќи се на сигурен извор пишува дека Зорман 99% се сели во Скопје, додека друг извор потврди дека е најсериозниот кандидат за замената на Парондо, кој седнува на селекторското столче на Египет.

Самиот Зорман не сакаше да коментира за евентуалниот премин во европскиот шампион, затоа што сè уште е под договор со полски Киелце.

Извор: gol.mk

Коронавирус