недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Бомба на Лазаров: Би се вратил да играм во Македонија, но под еден услов

Бомба на Лазаров: Би се вратил да играм во Македонија, но под еден услов

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров во изјава за естрадниот магазин „Бекстејџ“ изјави дека не би имал ништо против повторно да се врати во Македонија и да игра за некој наш клуб.

Тој сепак има еден услов за кам-бек во македонскиот клупски ракомет, а тоа е клубот да има големи амбиции.

„Ја почнав кариерата во Овче Поле, па потоа играв една година во Борец, во тинејџерските години бев во Пелистер и сите некако мислеа дека сум од Битола, бидејќи поголемиот дел од кариерата во Македонија ја минв во овој град. Со задоволство би играл за некој македонски клуб. Доколку се работи за добар и амбициозен спортски проект, без разлика за кој клуб се работи. Се поистоветувам со успесите на македонските клубови, посебно на Вардар и Еурофарм Пелистер и горд сум на сите нивни успеси“, изјави капитенот на македонската репрезентација.

Првото интернационално искуство Лазаров го имаше во Загреб, па потоа премина во Веспрем или тогашен Фотекс. Седум години играше во Шпанија за тимовите на Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона, а од 2017 година е дел од француски Нант.

Коронавирус