сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 38
home Ракомет

Битолски Еурофарм Пелистер ги отвора вратите за своите навивачи

Битолски Еурофарм Пелистер ги отвора вратите за своите навивачи

РК Еурофарм Пелистер ги отвора вратите на спортската сала „Боро Чурлевски“ за своите навивачи и симпатизери на почетокот на сезоната 2021/22. Од денес (среда 08.09.2021) во 12:00 започнува продажбата на билети на веб страницата – https://kartieurofarm.mk за натпреварот од првото коло на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, закажан за в четврток во 17:00 часот.

Од 14:30 часот на билетарницата на спортската сала ќе започне заверувањето на веќе купените билети.

Според најновите мерки на владата, дозволено е присуство на 30% од капацитетот на спортската сала. Секој заинтересиран за купување на билет мора да поседува вакцинален сертификат или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на оздравувањето, и лична карта.

Коронавирус