сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 26
home Ракомет

Битолчани со прва победа во Лигата на шампиони

Битолчани со прва победа во Лигата на шампиони

Ракометарите на Еурофарм Работник ги освоија првите бодови во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола совладан е финскиот шампион Кокс со 31:30 (17:13) во драматичен натпревар со што како што рече ракометарот Филип Чурлевски, „скршен е мразот“ во Лига на шампионите.

– Одигравме жесток и драматичен натпревар, го скршивме мразот и победивме. По трите порази конечно добивме нов импулс, поттик за уште подобри натпревари во Лигата на шампионите, изјави Чурлевски.

Еурофарм Работник натпреварот го почна ефикасно и со постојано водство од 5-6 голови разлика, но во вториот дел заморот си го стори своето и им овозможи на гостите во 40-та минута прв пат да израмнат на 20:20, а потоа и да поведат за драма во финишот која ја реши репрезентативниот голман Никола Митревски овозможувајќи прва радост на домашниот тим и публика.

Кај битолските „фармацевти“ најефикасен беше Остроушко со осум постигнати голови, додека кај гостите се истакна Таминен со шест погодоци.