среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Бауер ги збуни сите со чудната техника за бранење пенали! (ВИДЕО)

Бауер ги збуни сите со чудната техника за бранење пенали! (ВИДЕО)

Еден комичен момент се случи во второто полувреме на натпреварот од ракометната Лига на шампионите помеѓу екипите на Порто и Веспрем.

Австрискиот голман во редовите на португалскиот клуб Порто, Томас Бауер, успеа да го збуни словенечкото крило Драган Гајиќ кој шутираше пенал.

Дефинитивно една чудна и интересна техника за бранење седмерци, Бауер целосно му го привлече вниманието и го натера противникот да не го реализира пеналот, односно Гајиќ ја погоди само пречката.

Секако ова наиде на радост кај домашните навивачи за одржување на надежите дека Португалците можат да извлечат позитивен резултат, но тоа на крајот не се случи.