петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 136
home Ракомет

Барселона по 12 години добива нов тренер

Барселона по 12 години добива нов тренер

Шпанскиот ракометен гигант Барселона е еден од најдобрите тимови во Европа, но од следната година тимот може да претрпи промени и да има нов тренер.

Според засега непотврдени информации на „Мундо Депортиво“, клупскиот стратег Чави Пасквал побарал раскин на договорот една година порано од предвиденото и ќе заврши неговата ера во овој клуб.

Пасквал ја води Барселона од 2009 година, а иако имаше важечки договор до крајот на 2022 година, сепак, тој, веројатно ќе си замине.

Под водство на Пасквал, Барселона освои единаесет титули во АСОБАЛ, осум во Купот на Кралот, десет во АСОБАЛ Купот, десет во Суперкупот на АСОБАЛ, две во Лигата на шампионите, а има и пет титули на ИХФ Суперглоуб.

ЕУРО 2020

Македонија