вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Ракомет

Барселона нов европски ракометен шампион

Барселона нов европски ракометен шампион

Шпанскиот ракометен гигант Барселона овојпат ја оправда фаворитската улога на еден завршен турнир во Лигата на шампионите, бидејќи во денешното големо финале во „Ланксес Арената“, не му даде никаква шанса на Алборг.

Данскиот тим кој направи големо изненадување против ПСЖ во полуфиналето немаше сили за нова сензација, откако шпанскиот великан го наметна темпото уште од стартот и не попушти до самиот крај на мечот.

Уште по првото полувреме кое заврши со резултат 16:11 стана јасно дека на Алборг ќе му биде потребно чудо за победа, а во продолжението предноста само растеше и Барселона стигна до брутални плус 13 во едно големо финале.

Алеиш Гомез постигна девет погодоци и беше незадржлив за данската одбрана, шест погодоци имаше Енгесан, а пет голови постигна поранешниот вардарец и шампион со македонскиот тим, Лука Циндриќ.

Барселона на овој начин го прекина постот кој го имаше во најелитното натпреварување во Европа, бидејќи стигна до трофејот во Лигата на шампионите по пауза од пет години.

Коронавирус