петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Ракомет

Барселона мисли на иднината

Барселона мисли на иднината

Европскиот ракометен шампион Барселона продолжува со комплетирањето на тимот за следната сезона, во која ќе ја брани освоената титула во Лигата на шампионите и двојната круна на домашна сцена.

Раководството на клубот одлучил во своите редови да го задржи младиот ракометар, Артур Парера, пренесува шпанскиот портал „Мундо депортиво“.

Кружниот напаѓач, кој има само 19 години, минатата сезона беше во тимот на Барселона, но на најголемиот дел од натпреварите не беше во составот на Карлос Ортега.

Од наредната сезона ќе игра со големите звезди и минутажата на терен ќе ја дели со искусните Лудовик Фабрегас и Луис Фраде. Двете страни веќе се договориле на двегодишна соработка и Парера во старо-новиот европски шампион ќе настапува до лето,

Коронавирус