Ракометниот гигант Барселона која непоразена ја заврши групната фаза славеше во првиот меч од осминафиналето од ЛШ против норвешки Елверум со (25-37)
Најефикасен кај победникот беше Дика Мем со осум гола, Фабрегас даде пет, додека Циндриќ, Јанц и Н’Гесан имаа по четири реализации.
Кај норвешкиот шампион Елверум, Блонц осум пати ја тресеше мрежата на фаворитот.
Реваншот меѓу двата тима кој исто така ќе се игра во каталонската престолнина се очекува да биде само формалност,и е закажан на 5 април.