вторник, 21. март 2023. Вести денес: 20
home Ракомет

Барселона го освои турнирот „Супер глоуб“ во Доха

Барселона го освои турнирот „Супер глоуб“ во Доха

Ракометарите на Барселона повторно ја освоија престижната титула на турнирот „Супер глоуб“ во Доха.

Во финалето на неофицијално cветско клупско првенство, шпанскиот клуб го совлада Фуксе Берлин со 29:24.

Барселона со вкупно четири титули (2013, 2014, 2017 и на последното издание годинава) е убедливо најуспешниот учесник на „Супер глоуб“.

Актуелниот европски шампион Монпеље го освои третото место на турнирот, откако го победи катарскиот првак Ал Саад со 33:32. (МИА)

loading...