четврток, 25. февруари 2021. Вести денес: 94
home Ракомет

„Балкан Хендбол“: Многу води ќе поминат низ Вардар додека се роди новиот Лазаров, затоа уживајте и играјте за Кире

„Балкан Хендбол“: Многу води ќе поминат низ Вардар додека се роди новиот Лазаров, затоа уживајте и играјте за Кире

Во својата колумна насловена „Играјте за Кире“ на порталот Балкан Хендбол, авторот Жика Богдановиќ одвојува дел и за Кире Лазаров и македонската ракометна репрезентација.

Во продолжение ви пренесуваме дел од неговата колумна која во целост може да ја прочитате ТУКА.

-И сега префрлете се во 2041 година и стариот „Kaaasaratov“ го постигнува својот 321321321 гол на големите натпреварувања, откако 22 години играше во Лигата на шампиони и беше „гол машина“, ја носеше својата просечна репрезентација на рамениците, 10 години по ред испаѓаше во квалификациите, добиваше шлаканици со својата генерација додека се уште на дланките се кршеа за’рѓаните шајки од оградата на скопката убавица „Кале“, свесен дека медалите се далеку, далеку, предалеку, се враќаше како „половина-човек“ во своите клубови.

Дали можете да замислите? Него или било кој друг? Па, тешко. Тогаш сфаќате каква кариера имаше Кирил Лазаров. Тогаш сфаќате што овој човек направи. Тогаш сфаќате дека му нема пандан. Судбината на Македонија на ова натпреварување е горе-долу позната. Сериозен квалитет нема, играта не се наѕира, а говорот на телото не ветува. Товарот на плеќите е двомилионски и тоа се гледа. Ни трага задоволство, како да се веќе осудени на 40 години робија, па со секој гол се надеваат дека јавноста ќе им ја ублажи казната. А зошто, зошто сето тоа? Така нема да дојде ни до своите 100%. Секоја победа освен онаа против Чиле може да се смета за исчекор. Таква е моменталната ситуација.

Она што останува за вечност е учинокот на човекот од четири декади. Многу води ќе поминат низ Вардар, многу златни зори ќе зазорат над Галичица, многу аплаузи ќе подели битолската публика кон генерации и генерации нови ракометари додека да се роди новиот Кирил Лазаров. Затоа уживајте и играјте за Кире, пишува Богдановиќ во својата колумна.

Коронавирус