вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Ракомет

Бахраин повторно во финишот прокоцка победа на ЛОИ

Бахраин повторно во финишот прокоцка победа на ЛОИ

Најголемото изненадување до сега на ракометниот турнир на игрите во Токио, Бахраин и втор натпревар загуби во самиот финиш. По несреќниот пораз од Шведска во првото коло и овојпат Бахраинците беа минимално поразени, сега од Португалија со 25-26.

Иако имаа водство во поголемиот дел од мечот исто и како против Шведска падот во финишот и неискуството од играње на големи натпревари беше клучно за поразот на Бахраин.

Прво име во победничкиот табор беше Педро Портела со шест постигнати гола, додека недоволни за Бахраин беа осумте гола на Мохамед Ахмед кој беше најдобар стрелец на натпреварот.

Претходно денеска, Шпанија го доби дербито со Норвешка 28-27, Данска го скрши отпорот на Египет 32-27, а Франција и Германија славеа лесни победи против Бразил односно Аргентина.

Коронавирус