вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Ракомет

Бабиќ: Горд сум на моите ракометари

Бабиќ: Горд сум на моите ракометари

По натпреварот со Спортинг тренерот на Еурофарм Пелистер  Жељко Бабиќ не го криеше задоволството од одиграното и од резултатот и им честита на играчите за оваа победа.

„Сакам да им ги честитам празниците на гостите од Португалија, тоа е секако пред ракометот. Што се однесува до дуелот против Спортинг, морам да кажам дека сум горд на моите ракометари и на начинот на кој тие играа. Играта во одбрана во вториот дел беше одлична и покажавме дека сме вистинска екипа со оваа серија од пет натпревари без пораз во Европа“, изјави Бабиќ.

Следен натпревар за Еурофарм Пелистер на европско тло ќе биде против тимот на Ним, на гостински терен во Франција.

Ова своевидно ќе биде и натпревар за првото место во групата – Ним е прв, Еурофарм Пелистер е втор, а ги дели само еден бод.

Коронавирус