Ракомет Млада надеж

Андреј бележи ракометни успеси во Швајцарија, а сонува да игра за Македонија – чекор поблиску до целта

Од почетокот на својата кариера, па и по селењето и успесите кои ги бележи, негова најголема желба е еден ден да игра под македонско знаме. Во денешниот разговор со него дознаваме дека тој е чекор поблиску до остварување на оваа желба.

Андреј бележи ракометни успеси во Швајцарија, а сонува да игра за Македонија – чекор поблиску до целта

За младиот Македонец Андреј Јанески кој го живее својот спортски сон, КУРИР веќе одамна пишуваше. По успесите во Македонија, тој со семејството се пресели во Швајцарија. Во оваа земја која нуди многу можности за младите спортисти, Андреј игра со полно срце, но мислите и емоциите му се сепак дома, во Македонија.

На Андреј оваа сезона му беше последна во генерацијата во која е натпреваруваше – У19.  Во исто време почна да игра за Првата екипа на Кантон Solothurn. Сезоната ја заврши како кантонален шампион, а Андреј е избран во топ 3 играчи.

 

КУРИР стапи во контакт со него по овој нов, голем успех. Тој во изјава за нас открива дека се појавил интерес за него да биде ангажиран во BSF BERN и постапката на преговори е во тек.

Со ваков трансфер Андреј че се натпреварува во НАЦИЈА А што би значело можност за групно натпреварување и во EHF.

-Во текот на летниот период поканет сум да присуствувам на камп во Сплит каде ќе учествуваат многу познати ракометни имиња од цела Европа, од 03-09 јули, рече Андреј.

Како што веќе објавивме, Младиот Андреј го живее ракометниот сон – во Швајцарија бележи спортски успеси, а Македонија ја носи во срцето. 

Од почетокот на својата кариера, па и по селењето и успесите кои ги бележи, негова најголема желба е еден ден да игра под македонско знаме. Во денешниот разговор со него дознаваме дека тој е чекор поблиску до остварување на оваа желба.

-Првично е воспоставена комуникација и со РФМ и очекувам конечно да бидам повикан во Националниот тим, ни откри овој млад талентиран спортист.

To top