Андреа Лекиќ репрезентативката на Србија и екс ракометарка на Вардар, се одлучи да стави крај на својата блескава кариера и ќе се пензионира од ракометот на крајот од актуелната сезона.
Лекиќ ја објави оваа вест со видео порака на својот профил на Инстаграм, со крајно емотивен говор и благодарност до сите нејзини соиграчи, тренери, навивачи…
Во Вардар беше пет сезони, од 2013 до 2018 година со кого освои пет титули и пет Куп титули. Играше двапати во финалето во Лигата на шампионите во 2017 и 2018 година, и плус уште трипати се пласираше во Ф4, освојувајќи го третото место.
За репрезентацијата на Србија одигра 140 натпревари и беше дел од репрезентацијата која во 2013 година во Белград го освои сребрениот медал.