петок, 18. септември 2020. Вести денес: 163
home Ракомет

Алушовски: Вардар 1961 како европски првак оди со цел да го освои турнирот во Струга

Алушовски: Вардар 1961 како европски првак оди со цел да го освои турнирот во Струга

Тренерот на Вардар 1961, Стефче Алушовски пред турнирот во Струга на кој тимот ќе настапи по пауза од шест години изјави дека е презадоволен од работната атмосфера.

– Се работеше најмногу на физичка подготовка, а попладне и на тактика. Ни претстои уште доста за да дојдеме до посакуваното ниво за Лига на шампионите. Струга е прв турнир на кој ќе провериме се што работевме изминатиот период. Тука мислам на она што го вежбавме. Сите играчи ќе добијат шанса. Вардар 1961 како европски првак оди со цел да го освои турнирот во Струга. Не можам да кажам дека резултатот не е важен, но во преден план е формата, вели Алушовски.

Последен пат Вардар 1961 има триумфирано во Струга во 2007 година.

– Не дека одиме да се проверуваме само. Нормално е дека одиме да победиме. Бројките се само бројки. Вардар 1961 не учествувал одамна на турнирот. Сега сме повторно тука да играме и да се надигруваме, вели Алушовски.

Ривали во Струга ќе ни бидат Охрид, Еурпфарм Пелистер 2 и Бутел.

– Екипата на Охрид од лани ја знам. Се работи за квалитетен тим што не е за потценување. Еурофарм Пелистер 2 е млад тим со неколку искусни играчи кои имаа настапувно за посериозни екипи. Бутел е тим што е во врвот на домашното првенство. Овој момент е добро да играме вакви натпревари. Ние сме фаворити, но никого не потценуваме. Ова ќе биде вистинска проверка на се што сме работеле, вели Алушовски.

Вардар 1961 сите три натпреварувачки денови своите мечеви ги игра во вечерен термин од 21,15 часот.

Во четврток игра со Охрид, во петок со Еурофарм Пелистер 2 и во сабота со Бутел.

Финалните средби се играат во недела. (MИА)

Коронавирус