понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

Алушовски пред Порто: Ќе играме без притисок, мотивирани и ќе бараме шанса за бодови

Алушовски пред Порто: Ќе играме без притисок, мотивирани и ќе бараме шанса за бодови

Ракометарите на Вардар в сабота му гостуваат на Порто во претпоследниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот Стевче Алушовски посакува бодови за зацврстување на 5.место, па и шанса за место погоре ако се поклопат коцките од другите натпревари.

-Порто е фаворит, а ние одиме без притисок и со единствена мисла – да играме, да се натпреваруваме и секако да ги искористиме шансите. Се обидуваме да не мислиме на проблемите, но најголем е тој што немаме доволно играчи за ротација, па ќе мораме да се потпреме на она што го имаме во моментов. Знам дека сите ќе се борат до крај, нема предавање – напротив ќе гледаме да бидеме на ниво со кое ќе можеме да се носиме со домаќинот, изјави Алушовски за веб-страницата на „црвено-црните“.

На првиот меч во Скопје, во септември Вардар победи со 32:27.

Вардарци отпатуваа за Португалија денеска со цел да имаат повеќе време за одмор и подготовка со оглед на неповолните авионски конекции и патувањето што треба да трае до доцна навечер. (МИА)

Коронавирус