вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 145
home Ракомет

Алушовски: Победи посреќната екипа

Алушовски: Победи посреќната екипа

Вардар новата сезона во Лигата на шампионите ја започна со пораз од 24:22 на гостувањето кај Брест Мешков.

Сè уште актуелниот европски шампион е поразен во самиот финиш на натпреварот, односно во последните две минути кога Брест направи пресврт и со два гола дојде до победата, но тренерот на „црвено-црните“ Стевче Алушовски и во поразот гледа позитивни работи.

– Многу е тешко да се зборува кога вака ќе загубите натпревар. Мислам дека денес победи посреќната екипа. Морам да ѝ честитам на екипата на Мешков и на тренерот Алонсо. Мислам дека направивме неколку клучни грешки во последните минути. Не се среќни нашите навивачи, но јас морам да честитам за борбеноста на моите играчи. Мислам дека ни претстои многу работа и мора да гледаме брзо кон следниот меч – изјави Алушовски на официјалната прес-конференцијата по мечот.

Коронавирус