среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 129
home Ракомет

Алушовски: Не чека голема борба за два бода против ПИК

Алушовски: Не чека голема борба за два бода против ПИК

Македонскиот ракометен шампион Вардар конечно им се враќа на возбудувањата во Лигата на шампионите и на свој терен ќе го пречека унгарскиот вицешампион ПИК Сегед.

Во пресрет на мечот во Скопје, стратегот Стевче Алушовски е оптипист и верува дека неговите момци ќе одиграат натпревар кој ќе се памети.

„Без разлика на резултатите кои ги имаше во првиот дел од сезоната со сигурност можам да кажам дека Сегед е една многу квалитетна екипа. Затоа сметам дека нè чека голема борба за двата бода. Знаеме дека противникот претендира кон учество на фајнал-форот, меѓутоа ние добро го анализиравме и мислам дека во двата правци ќе одговориме на сите предизвици. Верувам во играчите и сигурен сум дек ќе ги исполнат своите задачи. Оптимист сум, но сакам да не ни се повторат почетничките грешки од дуелот со Порто, поради кои загубивме два бода“, вели Алушовски.

Дуелот меѓу Вардар и ПИК Сегед се игра в недела, во салата „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот.

ЕУРО 2020

Македонија