вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Ракомет

Алиловиќ се огласи по одлуката на Червар да го исфрли од репрезентацијата

Алиловиќ се огласи по одлуката на Червар да го исфрли од репрезентацијата

Долгогодишниот хрватски голман Мирко Алиловиќ пред мечот со Шведска, кој Хрватска го загуби, беше отстранет од селекторот Лино Червар, кој смета дека е несигурен.

„Сите сме во служба на хрватската ракометна репрезентација. Јас сум денес на трибините, утре ќе биде некој друг. Среќно на моите соиграчи и со четири бода да заминеме во Загреб“, истакна Алиловиќ.

Како што се наведува, Червар го избришал Алиловиќ по неговата лоша партија против Исланд.

Червар негира дека Алиловиќ е исфрлен

По поразот од Шведска, Червар ја разјасни и ситуацијат со голманот Алиловиќ кој неочекувано го изостави за овој меч.

– Алиловиќ не е исфрлен од тимот и останува со нас за останатиот дел од турнирот, – заврши Лино кој очигледно ќе смета на него во продолжение од шампионатот.