Управата на МРК Куманово најави важни промени за следната сезона. Нов тренер на првиот тим ќе биде Аце Станковски , а на местото спортски директор доаѓа Љубиша Димковски.
Поранешниот репрезентативец минатите две години ги водеше младинските категории на кумановчани, а сега доби доверба да ја преземе најодговорната тренерска позиција.
Управата на клубот им посака среќа на двајцата ракометни работници, верувајќи во забележителни и успешни резултати.
Минатата сезона МРК Куманово играше во плеј-аутот и без драми обезбеди опстанок во Суперлигата.