среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 179
home Останати спортови

Зверев го победи Рублев во финалето на Мастерсот во Синсинати

Зверев го победи Рублев во финалето на Мастерсот во Синсинати

Германскиот тенисер, Александар Зверев синоќа го победи Русинот Андреј Рублев во финалето на турнирот во Синсинати со 2-0, по сетови 6:2 и 6:3.

Мечот траеше еден час. Германецот направи шест аса и четири двојни грешки, а реализираше и четири брејк топки од девет. Русинот имаше 11 аса, и ниту една грешка при вториот сервис, како и една реализирана брејк-топка.

За 24-годишниот Зверев ова е трета титула во 2021 година и 17. во кариерата.

По овој триумф, Зверев се искачи на четвртото место на АТП ранг-листата, додека Рублев остана на седмото место.

И натаму, прв светски рекет е Новак Ѓоковиќ од Србија.

Локални избори 2021