петок, 4. декември 2020. Вести денес: 35
home Останати спортови

Жесток напад врз Новак Ѓоковиќ: Колумнист му порача дека е омразен, го спомна и бомбардирањето на НАТО

Жесток напад врз Новак Ѓоковиќ: Колумнист му порача дека е омразен, го спомна и бомбардирањето на НАТО

Популарниот колумнист на германскиот „Bild“, Франц Јозеф Вагнер, напишал колумна посветена на Новак Ѓоковиќ по финалето на Вимблдон и го шокирал целиот свет.

„Омразен Новак Ѓоковиќ, има ли поосамено срце од вашето по победата над Роџер Федерер? Дами и господа од кралската ложа гледаа безобразно, а милиони пред малите екрани незадоволни се од вашата победа. Го почувствува тоа. Викаа на секој поен од Федерер, а на секое ваше промашување уште повеќе. Вимблдонското финале го игравте понижен.“

„Зошто гледачите не ве сакаат? Затоа што вашите амбиции прегоруваат. Федерер е олицетворение на модерните спортисти: нормален и елегантен. Федерер е како букет цвеќе. Вие, Новак сте како бодликав кактус, грмушка од трње.“

„Знам од каде потекнува тој корен на вашето битие. Имавте 12 години. Во текот на ноќта престојувавте во засолниште додека бомбите на Нато паѓаа над Балканот. На 12 години не знаевте дали ќе ја дочекате 13-та година. Вие сте оној кој опстанува. Вашата игра е борба. Ви честитам за победата на Вимблдон“ – напишал Франц Јозеф Вагнер.

Коронавирус