четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Останати спортови

Започна тенискиот турнир од Мастерс серијата во Белград

Започна тенискиот турнир од Мастерс серијата во Белград

После девет години пауза српската престолнина Белград е домаќин на тениски турнир од Мастерс Серијата на АТП 250, а самото натпреварување стартуваше денес.

Минатата година се одржа Адриа ТУР како најава и показател дека може еден град од Балканот да организира турнир на високо ниво како што е на останатите тениски турнири ширум Европа.

За жал поради актуелната ситуација со коронавирусот, публиката на трибините на Тенискиот Центар НОВАК нема да може да присуствува, а строгите протоколи покрај играчите ќе мора да ги почитуваат уште новинарите , судиите и сите оние кои се околу самата организација на турнирот.

Покрај главниот турнир на програмата минатата недела се одржа и Челинџерот. Директорот на Србија Опен , Ѓорѓе Ѓоковиќ во саботата потврди дека исто така дека во терминот од 22. до 29. мај ќе се организира уште еден турнир повторно од Серијата 250 на истото место и во истиот град.

” Оваа е супер шанса да се покажеме како добри домаќини на нашата публика со новите мласди тениски надежи.Целта ни е да го зголемиме бројот  на тениски турнир во Белград,па поради тоа ќе имаме уште еден на крајот на месец мај.Се надеваме дека турнирот ќе помине во најдобар ред ,ситуацијата околу коронавируост да се поправи и публиката да се врати на трибините што побргу “  изјави првиот човек на турнирот Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Исто така неделата пред турнирот кој е закажан за крајот на месец мај, Белград ќе биде домаќин и на дамите, турнир кој е во категоријата 250.

Новак Ѓоковиќ е сигурен на овој турнир каде воедно е домаќин, од домашните тенисери кои ги има уште седум на број.

Од првите 10, на ранг листата на АТП е само Матео Беретини, поради тоа што Доминик Тим и Гајл Монфис поради повреда го откажаа учеството.

Од попознатите свое учество ќе зеде и Аслан Карацев кој оваа година да подсетиме играше во полуфиналето на Австралија Опен.

Ќе настапат уште и Сунву,Лондеро, Корда, Бедене, Попирин, Милман, Куевас, Русувори, Беранкис,Делбонис,Корија и Чекинато.

Не треба да се забори дека паралелно се иггра и турнирот во парови,каде листата на учесници ја предводи најдобриот дубл во моментот во состав Никола Мекитиќ и Мате Павиќ.

 

Напишал: Бошко Тасиќ

ФОТО: Далибор Димковски

 

.

Коронавирус