недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Заборави на тренингот со Вардар, Столе горд на одбојкарите

Заборави на тренингот со Вардар, Столе горд на одбојкарите

Одбојкарската селекција на Македонија за два дена направи два историски подвизи. Синоќа ја забележа историската прва победа на еден континентален собир, додека вечерва приреди огромно изненадување, откако славеше херојска победа над домаќинот Словенија.

На радоста на македонски спортски фанови им нема крај, а на адресата на „спартанците“ пристигнуваат само пофални зборови. Македонија е горда на овие момци, а така се чувствува и капитенот на европскиот ракометен шампион Вардар, Стојанче Стоилов.

Македонскиот репрезентативец за момент го остави својот тим во втор план и стискаше палци за одбојкарите, а по победата над домаќинот спортски им честита за големиот успех.

Македонија е на прагот на обезбеди осминафинале на овој собир, а за можни ривали се одбојкарските моќници Франција или Италија.