вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 140
home Останати спортови

Вториот тренинг на Големата награда на Холандија прекинат поради проблеми со моторот на Хамилтон

Вториот тренинг на Големата награда на Холандија прекинат поради проблеми со моторот на Хамилтон

Вториот слободен тренинг на Големата награда на Холандија беше прекинат поради проблеми со моторот во болидот на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Во еден од круговите, Британецот го извести тимот за проблеми со електрониката, по што застана на патеката. Автомобилот на возачот е евакуиран од патеката.

Големата награда на Холандија се одржува од 3 до 5 септември.

На првиот слободен тренинг исто така имаше прекин поради проблеми со моторот на  Себастијан Фетел од Астон Мартин.

Главната трка од Формула 1 шампионатот во Зандворт ќе се вози в недела (5 септември) со почеток во 15 часот.  (МИА)

Локални избори 2021