недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 247
home Останати спортови

Втор пораз за македонските одбојкари на Европското првенство 2021

Втор пораз за македонските одбојкари на Европското првенство 2021

На Европското одбојкарско првенство, македонската репрезентација вечерва во Тампере загуби од селекцијата на Холандија со 3:0, по сетови 25:20, 25:18 и 25:22.

Холанѓаните во текот на целиот натпревар беа подобар противник и заслужено го освоија бодовите. Тие имаа 43:32 „добитни“ напади, 14:5 беше биланс во блокови во нивна корист, додека нашите репрезентативци беа поуспешни само во асови 3:1.

Најдобри во македонскиот состав беа Никола Ѓоргиев со 13 и Александар Љафтов со 11 поени.

По овој пораз Македонците се последни во групата која се игра во Финска со два пораза по првите две кола.

Следниот дуел на ЕП, црвено-жолтите ќе го имаат в недела од 13 часот, противник ќе им биде селекцијата на Турција.  (МИА)

Локални избори 2021