вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 133
home Останати спортови

Вознијацки избори четвртфинале во Пекинг

Вознијацки избори четвртфинале во Пекинг

Данската тенисерка Каролин Вознијацки ќе игра во четвртфиналето на ВТА турнирот во Пекинг, откако утринава ја совлада Катерина Сињакова од Чешка со 2-0, по сетови (7:5 и 6:4).

Мечот траеше еден час и 37 минути.

Следна ривалка на Вознијацки ќе биде победничката од руската пресметка меѓу Екатерина Александрова и Дарија Касаткина.

Познати се првите две двојки за четвртфиналната фаза:
Ешли Барти – Петра Квитова и
Елина Свитолина – Кики Бертенс.

Награден фонд на турнирот во кинеската престолнина изнесува 7,4 милиони долари.

Коронавирус