четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 85
home Останати спортови

Вознемирувачка сцена на Ролан Гарос: Паднал на терен и почна да вика од болка (ВИДЕО)

Вознемирувачка сцена на Ролан Гарос: Паднал на терен и почна да вика од болка (ВИДЕО)

Тенисерот од Босна и Херцеговина е тешко повреден. Дамир Џумхир доживеал тешка повреда во натпреварот во парови на Ролан Гарос кој играл во пар со Филип Крајиновиќ.

Српскиот и босанскиот тенисер се “држеле“ прекрасно во дуелот против Рама и Салисбури и воделе 5:4 во првиот сет со предност на “брејк“, но потоа се случила повредата на Џумхир заради која биле принудени да го предадат натпреварот.

Џумхир во текот на еден поен на натпреварот во непријатна ситуација пожртвувачки се фрлил за да ја стигне топката, но силно удрил со рамото во земја што предизвикало пукање на два лигаменти на рамениците и контузија на коските.

После падот само легнал на земјата и почнал да лелека од болки, а веднаш потоа за да му даде помош кон него притрчал неговиот партнер Филип Крајиновиќ.

„Сакам на кратко да ве известам за предавањето на натпреварот во парови. После падот на теренот два лигамни пукнаа заедно со контузија на коските на рамениците. Уште е прерано да се каже колкава ќе биде паузата, но таа може да трае и до шест недели. Ќе ве известувам. Ви благодарам на поддршката“ – напишал Џумхир на својот Инстаграм профил со поставената снимка од моментот кога се случила таа повреда.

Извор: ТОЧКА