четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 46
home Останати спортови

Во жестока конкуренција: Ѓоковиќ прогласен за најдобар спортист во светот

Во жестока конкуренција: Ѓоковиќ прогласен за најдобар спортист во светот

Првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ ја доби престижната титула на најдобар спортист минатата година, на свеченоста во Монте Карло.

Ѓоковиќ  ја доби наградата Лауреус, која важи за спортски Оскар. Ова му е четврта ваква награда во кариерата, доделена за најдобри спортски резултати во 2018.

Во конкуренција за наградата беа и Лука Модриќ, Ле Брон Џејмс, Луис Хамилтон, Килијан Мбапе и Елиуд Кипчоге.

Гимнастичарката Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка на светот, додека наградата за животно дело ја доби Арсен Венгер.