вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 146
home Останати спортови

Во Токио тестирања ќе има на секои четири дена

Во Токио тестирања ќе има на секои четири дена

Организаторите на Олимписките игри во Токио, кои треба да се одржат од 23.јули до 8.август, објави книга со правила, на кои ќе треба да се придржуваат учесниците на најголемиот спортски настан.

Најважна точка е дека спортистите, на секои четири дена ќе бидат тестирани на коронавирусот. Кај секој што ќе биде потврдено присуството на вирусот, автоматски ќе биде дисквалификуван.

Во документот кој има 33 страници, се вели и дека спортистите можат да бидат исфрлени од Игрите, доколку не ги почитуваат правилата, донесени од страна организаторот. Тоа значи дека ќе биде забрането прегрнување, дружење и ракување.

И покрај тоа што коронавирусот се шири во Јапонија, Владата на оваа земја и организацискиот одбор, се сигурни дека ОИ ќе се одржат.

Од друга стрна, дури 80 отсто од жителите, сметаат дека Игрите треба или повоторно да се одложат, или воопшто да не се одржат.

ЕУРО 2020

Македонија