вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 50
home Останати спортови

Во тек пријавување за велосипедската тура околу Калиманско Езеро

Во тек пријавување за велосипедската тура околу Калиманско Езеро

Во Македонска Каменица по повод денот на градот на 28 август ќе се одржи велосипедската тура „Tour de Kalimanci lake“. Должината на патеката околу Калиманско Езеро е 36 километри, со попатни станици за краток одмор и пунктови со освежителни пијалоци.

Пријавувањето е во периодот од девет до 10 часот, пред стартот на турата на денот на оддржување.

– Велосипедската тура е рангирана како средна тежина за возење од ранг 5. Учесниците кои немаат навршено 18 години, можат да учествуваат единствено со присуство на родител или старател. За сите кои ќе се пријават најдоцна пред почетокот на трката задолжително е поседување на заштитна кацига и дополнителна индивидуална додатна опрема, истакнаа од здружението „Urban Champion“, на чија иницијатива се организира трката.

Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица и според организаторите има цел покрај дружење и рекреација на учесниците, да придонесе за промоција на природните убавини на Македонска Каменица и Калиманско Езеро во функција на развој на спортот и туризмот во ова подрачје.