среда, 18. септември 2019. Вести денес: 100
home Останати спортови

Во Скопје започна Поединечното Европско првенство во шах

Во Скопје започна Поединечното Европско првенство во шах

Поединечното Европско првенство во шах почна денеска во хотелот „Хилтон Дабл три“, со рекорден број на учесници и ќе трае од денеска до 30 март.

На првенството ќе учествуваат околу 400 учесници од 44 држави и според бројот на учесници едно од трите најголеми европски првенства. Првенството е организирано со помош од Владата на РМ, општината Аеродром и Агенцијата за млади

Македонија учествува со околу 15 учесници, од кои најголеми шанси за добар пласман има Кирил Георгиевски. Меѓу фаворитите е Хрватот Иван Шариќ, кој ја брани титулата европски првак, како и Украинецот Руслан Пономариов.