четврток, 9. април 2020. Вести денес: 176
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Во џип кај двајца рагбисти пронајдени 70 килограми дрога

Во џип кај двајца рагбисти пронајдени 70 килограми дрога
илустрација

Играчите на американски фудбал Грег Робинсон и Квон Бреј се уапсени од полиција, откако во нивниот џип се пронајдени 70 килограми дрога. Во возилото на пат од Калифорнија до Луизијана полициска патрола пронајде 71 килограм марихуана, електронска вага, 23 теглички за пакување и други предмети.

Порталот „ТМЗ“ пишува дека со нив во џипот имало и трето лице врз кое Робинсон и Бреј се обиделе да ја префрлат вината. Но, лицето, по распит во полициска станица е пуштено на слобода и без обвинение.

Робинсон во кариерата играше за Лос Анџелес Ремс и за Детроит Лајонс, пред да направи трансфер во Кливленд Браунс во 2018 година. Во кариерата заработи речиси 30 милиони долари.

Коронавирус