петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Во Бахреин за време на трката од Ф1 регистрирани 12 позитивни случаи на Kовид-19

Во Бахреин за време на трката од Ф1 регистрирани 12 позитивни случаи на Kовид-19

Формула 1 соопшти дека имало дванаесет позитивни случаи на коронавирус за време на трката за Големата награда на Бахреин минатиот викенд.

Во периодот од 22 до 28 март вкупно биле направени 8.150 тестови. Земени се примероци од возачи, членови на тимовите, помошен персонал и членови на медиумите.

„Имавме 12 позитивни случаи. ФИА и Формула 1 ќе ги објавуваат овие информации по секое Гранд При со цел да покажат отвореност, а во исто време да ги заштитат сите во караванот. Два случаи беа потврдени во британскиот тим Астон Мартин, а еден член на медиумската куќа „Канал 4“ доби позитивен резултат. Формула 1 шампионатот продолжува на 18 април со трката во Имола”

Коронавирус