петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Вимблдон ќе стартува навреме, Ролан Гарос ќе започне една недела подоцна

Вимблдон ќе стартува навреме, Ролан Гарос ќе започне една недела подоцна

Померувањето на тенискиот Грем Слем Ролан Гарос нема да влијае на одржувањето на Вимблдон, кое е предвидено да започне на 28. јуни.

Денес и официјално беше објавено дека Ролан Гарос ќе биде одложен за седум дена, и дека турнирот ќе се одржи од 30. мај до 13. јуни. Ова значи дека паузата помеѓу Францускиот Опен и Вимблдон е намалена на две недели.

АТП и ВТА претходно објавија дека ќе има измени во календарот, а јавноста за тоа ќе биде информирана подоцна.

Коронавирус