петок, 14. мај 2021. Вести денес: 18
home Останати спортови

Виктор Троицки најави пензионирање

Виктор Троицки најави пензионирање

Српскиот тенисер Виктор Троицки најави дека ја игра последната сезона во својата активна тениска кариера.

„Јас веќе сум спортски ветеран. Наскоро ќе ја завршам кариерата и планирам да играм само на уште неколку турнири во блиска иднина. Јас си дадов збор дека ќе ја завршам карирата оваа година. Преминувам на друга работа поврзана со спортот, а тоа е тренер. Се радувам на новиот предизвик и се надевам дека сè ќе биде добро“,изјави Троицки.

Во својата кариера српскиот тенисер освои три титули во АТП и е освојувач на Дејвис Купот во 2010 година со српската репрезентација.

Коронавирус