сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

ВИДЕО: Вежбаме со Наташа Јовановска

ВИДЕО: Вежбаме со Наташа Јовановска

Време кога сите сме дома поради коронавирусот. Животот целосно ни се промени, секојдневните активности ги сведовме на минимум, лежењето во кревет и почестото јадење ни станува навика.

Со лежењето во кревет и почестото отварање на фрижидерот се таложат и голем број на калории. Теретаните се затворени, а поради дождот и снегот парковите и кејот на Вардар станаа неупотребливи.

Фитнес инструкторката, Наташа Јовановска, која исто така е оневозможена да оди во теретана, која патем е нејзино работно место, реши да ви помогне околу одржувањето на линијата на телото.

Таа на својот Инстаграм профил, во својот дом и со кратки видеа реши да ви даде предози и серија на вежби со кои ќе останете во форма и добра кондиција.

Коронавирус