четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Останати спортови

ВИДЕО: Тежок инцидент во Формула 1 – Кренати црвените знамиња, двајца возачи во болница

ВИДЕО: Тежок инцидент во Формула 1 – Кренати црвените знамиња, двајца возачи во болница

Почетокот на трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Велика Британија го одбележа тежок инцидент.

Во верижен судар оштетени се болидите на Естебан Окон (Алпин), Џорџ Расел (Мерцедес), Јуки Цунода (Алфа Таури) и Гуанју Џоу (Алфа Ромео).

Згора на тоа, најмногу настрада пилотот на Алфа Ромео, чиј автомобил се преврте. Трката веднаш беше прекината со црвени знамиња и болидите беа испратени во боксот.

Албон и Џоу се пренесени во медицинскиот центар и се очекуваат информации за нивната состојба.

Засега не се знае колку ќе трае прекинот и колку од болидите ќе се појават на новиот старт.

Коронавирус