петок, 26. февруари 2021. Вести денес: 3
home Останати спортови

ВИДЕО: Се славеше пласманот на ЕП – „Бисер балкански“ ечеше од грлата на одбојкарите

ВИДЕО: Се славеше пласманот на ЕП – „Бисер балкански“ ечеше од грлата на одбојкарите

Македонските одбојкари повторно ќе играат на европско првенство. Ја совладаа Турција со 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18) и уште отсега обезбедија влез во континенталното елитно друштво.

Никола Ѓорѓиев и Александар Љафтов одиграа маестрално, но имаа одлична поддршка од сите репрезентативци, коишто примаа многу подобро од претходните натпревари на скопскиот квалификациски турнир, се бореа в поле, извлекуваа тешки топки, поставуваа пасивни блокови и освојуваа директни поени од нив, така што фаворитот на хартија немаше шанса да го запре триумфалниот поход на македонскиот национален тим.

Со три победи и со девет бода на турнирот во арената „Борист Трајковски“, македонските одбојкари имаа ист ефект како и Турците, кои се првопласирани поради подобар сет-количник. Ние сме најдобри второпласирани од три завршен групи досега, така што не постои теорија која би попречила да играме на Европското првенство 2021 планирано во терминот од 15-ти август до 30-ти септември.

Вторпат по ред, македонската одбојка слави пласман на континентален самит. Со јубилејната 70-та победа во официјалните 152 натпревара, ние сме во престижното друштво. Повторно голема радост за македонската нација.

Коронавирус