сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 91
home Останати спортови

ВИДЕО: Полска го одбрани злато на одбојкарскиот Мундијал

ВИДЕО: Полска го одбрани злато на одбојкарскиот Мундијал

Одбојкарите на Полска ја одбранија титулата светски шампион, откако синоќа во Торино го победија Бразил со максимални 3-0. По сетови резултатот изнесува 28:26, 25:20 и 25:23.

Најзаслужен за триумфот на полскиот национален тим беше Бартош Курек со 24 освоени поени. Во поразениот состав се истакна Валас Де Соуса со 14 поени.

Третото место на Светското првенство што се играше во Италија и Бугарија го освоија одбојкарите на САД кои во малото финале ја победија Србија со 3-1. 

МИА

Коронавирус