понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: По победата Ѓоковиќ се огласи: Ќе дојдам во Македонија, мора да го видам Охрид!

ВИДЕО: По победата Ѓоковиќ се огласи: Ќе дојдам во Македонија, мора да го видам Охрид!

По победата на Вимблдон најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, на прес-конференцијата по натпреварот одговараше на новинарски прашања, по што рече дека ја прифаќа поканата да ја посети Македонија и изрази благодарност за поддршката од Македонија.

„Многу поздрави до Македонија, до Скопје! Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот Невен, тој беше соучесник на таа забава, кога пеевме после победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада”

На новинарско прашање на новинар од „Макфакс“, Ѓоковиќ рече:

„Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам”, порача вимблдонскиот шампион.

Видеото со одговорите на прашањата на „Макфакс” се на 16,15 минути.

Коронавирус