петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 52
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски во Штип

home Останати спортови

ВИДЕО: Нервозен тенисер погоди собирач на топки во глава

ВИДЕО: Нервозен тенисер погоди собирач на топки во глава

Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут изнервирано погодил во глава собирач на топки во мечот против Давид Гофан.

Агут играше лош меч, а кулминацијата на фрустрацијата дојде кај брејкот во вториот сет кога нервозно испали топка по губењето на сервисот.

Единствениот носител на турнирот во Монте Карло доби само опомена за овој потег, а на тоа се побуни белскиот тренер, кој го праша главниот судија: „Само опомена?“.

Со оглед на тоа дека АТП цврсто се држи до правилата за вакви ситуации, малку е чудно мечот не е завршен во истиот момент со дискфалификација на Агут.

Слична ситуација се случи минатата година во Дејвис купот кога Канаѓанецот Денис Шаповалов го погоди главниот судија во глава и моментно беше дисквалификуван.

Гофан на крајот славеше со 2:0 (6:4, 7:5) и следното коло го чека подобриот од дуелот меѓу Димитров и Колшајбер.

 

Коронавирус