четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 119
home Останати спортови

ВИДЕО: Луд светски рекорд и злато за Норвежанецот Вархолм на 400 метри со пречки

ВИДЕО: Луд светски рекорд и злато за Норвежанецот Вархолм на 400 метри со пречки

Петтиот ден на атлетските натпревари беше отворен со светски рекорд, втор во „кралицата на спортовите“ на Олимписките игри. Норвежанецот Карстен Вархолм освои златен медал во трката на 400 метри со пречки, со време на нов светски рекорд. Тој го подобри за неверојатни 76 стотинки сопствениот најдобар резултат и сега најдоброто постигнување на сите времиња изнесува 45.94 секунди.

Американецот Рај Бенџамин истрча 46.17 секунди, што е 53 стотинки подобро од претходниот светски рекорд на Вархолм и доволно за сребрен медал. Бразилецот Алисон дос Санто со време 46.72 секунди го освои бронзениот медал.

Малалка Михамбо од Германија е нова олимписка победничка во скок во далечина. Во утринското финале таа скокна точно 7.00 метри, што е нејзино најдобро постигнување оваа сезона. Сребрениот медал го освои Бритни Риз со скок од 6.97 метри, а бронзениот медал го освои Изе Бруме со исто постигнување, но послаба серија.

Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ за шест сантиметри остана без медал, освојувајќи го четвртото место (6.91 метри).

Коронавирус