среда, 5. август 2020. Вести денес: 15
home Останати спортови

ВИДЕО: Кирjос откажа учество на УС Опен

ВИДЕО: Кирjос откажа учество на УС Опен

Австралиецот Ник Кирjос одби да учествува на УС Опен, кој започнува кон крајот на август.

Поранешниот бр.13 на ранг-листата на АТП направи видео обраќање во кое ја објасни својата одлука да не игра на Гренд-слем турнирот во Њујорк поради ризикот од инфекција со Ковид-19.

Претходно оваа недела Ешли Барти, исто така од Австралија, лидер во рангот кај жените во светот, објави дека нема да игра на „Флешинг Медоус“ заради пандемијата и ширењето на коронавирусот.

Коронавирус