вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: Ѓоковиќ направи штета во вежбалница, па им се извини на Французите

ВИДЕО: Ѓоковиќ направи штета во вежбалница, па им се извини на Французите

Најдобрите светски тенисери напорно се подготвуваат за Грен слем турнирот во Париз, Ролан Гарос.

Еден од главните фаворити за трофејот Новак Ѓоковиќ работи максимално за да го симне Рафаел Надал од тронот. Понекогаш неговите тренинзи се немилосрдни, а доказ за тоа е направената штета во вожбалница од страна на српскиот тенисер.

Тој ја опиша ситуацијата со видео:

„Денес се загревав во вежбалницата и зедов медицинска топка. Ја фрлив силно на подот, кој беше дрвен, и резултатот од тоа е – скршен под. Домаќини на Ролан Гарос, се извинувам. Јас ќе платам за оваа штета.

Само да знаете дека го напуштив Париз додека истрагата не заврши. Дали моето учество на Ролан Гарос е под знак прашалник поради ова?“ , се пошегува првиот светски рекет.

Првиот ривал на Србинот на патот кон нова титула во францускиот главен град е Хуберт Хуркаш.

Извор: gol.mk